1 коментар 2 мин. читање

Стив Возниак го оцени jOBS како фикција

jOBS е забавен филм, глумата е навистина добра, но за жал филмот е фикција, вели ко-основачот на Apple, Стив Возниак. Но, Ештон Кучер, актерот кој го глуми Стив Џобс, не му остана должен и го обвини г. Вознијак дека дава ваква остра критика поради тоа што соработува како консултант на верзијата за животот на Џобс од Арон Соркин.

Покрај оценката за добрата глума г. Вознијак смета дека најголем дел од проблемите во филмот доаѓаат токму од Ештон Кутчер, кој има потполно погрешна претстава за Стив Џобс. Ко-основачот Вознијак откри тајна која ја криел од почетокот на Apple, објаснувајќи дека „кога Apple одлучи да не ги награди пријателите кои помогнаа на почетокот, јас го поделив мојот дел од акциите со нив. Ова овозможи уштем 80 вработени да земат дел од акциите пред тие да излезат на берза, со ова тие добија дел од богатството“.

Што се однесува до успехот на филмот, ниту критичарите не се премногу наклонети кон филмската адаптација на животот на Стив Џобс. На филмот можете да гледате како продолжение на позната реклама за Apple, „Salute the misfits“, вели USA Today. Сепак за конечен впечаток ќе мора да причекаме филмот да пристигне на репертоарот на некое од кината во Македонија.

Успехот на филмот се разбира најмногу ќе зависи од посетеноста во кино салите, а доколку сте подзаборавиле колку фанатични се фановите на Apple и г. Џобс, на Indiegogo започна кампања за изработка на статуа на Стив Џобс која по својата големина ќе ја надмине Статуата на слободата.

[youtube]FrvkCS0ZGPUp[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top