1 коментар 1 мин. читање

Хаштаг за поддршка на Грција се прелеа од Барселона до Скопје

Тоа што се случува во Грција е едноставно неверојатна приказна на која никој од нас не можеше да ја игнорира. Економската криза го извлече најлошото од политичарите, но и солидарност од луѓето од ширум светот, од Барселона до Скопје и пошироко.

Како и се во денешното време поминато пред екран на телефоните, се започнува со хаштаг. Од еден твит кој го содржеше #ThisIsACoup испратен од Барселона до глобалната публика на Twitter. Незадоволни од условите кои Европа им ја постави на грчката власт, барајќи неверојатни мерки на штедливост за да се врати огромен долг, активисти од Шпанија испратија твит во кој бараа од своите пријатели да бидат гласни, да направат некој вид дигитален протест со кој ќе и покажат на Европа и политичарите кои имаат свој Twitter профил, дека тие се солидарни со грчкиот народ. Од една ваква идеја започна глобално движење со над стотици илјади твитови и собири ширум континентот.

Според Guardian, #ThisIsACoup првин беше спомнат во твит од учителка за физика од Барселона, потоа во твит на градоначалничката на Барселона, Ада Колау, па низ каналите на влијателните шпански левичари, хаштагот се појави на листите на најпопуларни тагови во Германија, Британија, Грција, се до блогот на New York Times на нобеловецот Паул Кругман. Во овие три дена хаштагот стана и важен дел на насловите на куп светски весници кои ја покриваат кризата.

Во првите два дена хаштагот веше спомнат во 377.000 пораки, вели BBC. Но тоа што е реткост кај трендовите на интернет, овојпат хаштагот се прелеа и во офлајн светот. Низ неколку градови ширум Европа се организираа мирни собири за да се искаже поддршка на грчкото „не“ кои иаке беше гласно кажано, сепак грчката власт подлегна на притисоците и ги прифати реформите. Taков мирен собир имаше и во Скопје, како што покажува видеото снимено од Телма.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top