3Д испечатеното оружје наскоро ќе биде забрането во САД

0 коментари 2 мин. читање

Стејт департментот се обидува да пронајде законска основа со која ќе го забрани 3Д отпечатеното оружје. Ова навидум изгледа едноставно, но приврзаниците на 3Д-испечатеното оружје велат дека проблемот е поголем, и законот е во спротивност на Првиот амандман на Уставот на САД. Проблематичен е и Вториот амандман кој го гарантира правото на граѓаните за поседување на огнено оружје.

Но, 3Д принтерите се моќни машини кои се способни да креираат оружје кое е нерегулирано и без сериски број кое би било речиси невозможно да се следи. Ова е вистински кошмар за полицијата и органите за безбедност во САД, уште повеќе бидејќи оружјето не се појавува ниту на скенерите на аеродромите.

Забелешките пред се се однесуваат на забраната за објавување на 3Д-моделот, Lilerator – првиот 3Д-испечатен пиштол, а според Defense Distributed и Second Amendment Foundation ова е во спротивност со членот кој гарантира слободен проток на информации. Стејт департментот вели дека не станува збор за информации, туку дека 3Д-шемите и упаството за нивно склопување се оружје, а не едноставна информација, како што се обидуваат да престават Defense Distributed и SAF.

Со оглед на тоа дека претседателот Обама, најави дека сака да го намали бројот на оружје на улиците, изгледа речиси неверојатно дека администрацијата ќе попушти и ќе дозволи сосем нерегулирано испринтано оружје да се продава на улиците на САД, и уште поважно на Интернет каде било кој ќе има пристап до оружјето без притоа да исполни било какви услови. Се чини дека ова им е јасно и на Defense Distributed и Second Amendment Foundation, кои се обидуваат да остварат финансиска компензација, јави TechWorm.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед