Halls of Torment – The Boglands: експанзија која не смее да се пропушти

Halls of Torment е, без сомневање, на самиот врв на нашата листа омилени игри произлезени од феноменот Vampire Survivors. Со својата прекрасна околина која потсетува на првиот Diablo и со длабоките, крајно забавни херои и механики, веќе не паметиме колку пати сме се впуштиле во истражување на преубавите светови создадени од Chasing Carrots. Ако не ни верувате, доволно е да ја прочитате нашата рецензија за да видите колку бевме импресионирани од она што го откривме во играта.

Нова средина и променет опстанок

Експанзијата се посветува на The Boglands, пространа нова мапа која целосно ја менува атмосферата. За разлика од клаустрофобичните ходници, овде се движите низ мрачно, потопено мочуриште полно со духови и древни дрвја кои демнат во маглата. Графички, играта ја задржува својата препознатлива 2D пиксел-арт естетика, инспирирана од класиците од 90-тите, но ја применува на брилијантен начин за да создаде чувство на влага и распаѓање. Звучниот дизајн го надополнува ова со нова, морничава музичка позадина и грозоморни звуци на суштествата од мочуриштето. Најзначајната промена во механиката на игра е напуштањето на временскиот притисок. Овде, опстанокот не се мери во минути, туку во способноста да се елиминираат конкретни закани и да се исполнат цели. Благодарение на ова, играта зазема поразлична димензија, менувајќи го темпото и принудувајќи ве да усвоите попроактивни стратегии наместо само да бегаат од ордите.

Вештерката и алхемичарот

Срцето на секоја експанзија од овој тип се новите херои, а The Boglands воведува два исклучително интересни лика. Првата е The Crone. Вештерката се одликува со сосема нов стил на игра фокусиран на контрола на толпата и дебафирање. Таа повикува извртени растенија од земјата кои ги заробуваат непријателите и го шират новиот статус-ефект поврзан со распаѓање.

Вториот херој е The Alchemist. Алхемичарот е фокусиран на хаос и елементарни комбинации, фрлајќи испарливи мешавини кои можат да се приспособат да нанесуваат штета од оган, мраз, молња или новововедениот елемент поврзан со земјата над која одите. Неговиот дизајн охрабрува константно експериментирање со мулти-елементарни конфигурации, создавајќи моќни верижни реакции на бојното поле.

Независно со кој херој да играте, ќе наидете на две прекрасни и апсолутно забавни можности за истражување на преубавиот свет.

Покрај новите херои и мапата, експанзијата додава над 50 нови мисии кои ве водат низ новите механики и предизвици. Тука се и три сосема нови способности и десетина предмети, многу од кои се дизајнирани специјално да се надополнуваат со контролата на вештерката и елементарната креативност на алхемичарот. Воведени се и шест нови артефакти кои играа улога на моќни модификатори кои ги менуваат правилата на игра за време на целиот ран. За крај, проширени се и системите за прогресија со нови карактеристики и благослови, вклучувајќи и такви кои се фокусирани на напивки, што отвора дополнителни можности за уникатни и моќни прилагодувања на карактерите.

Halls of Torment – The Boglands е пример за тоа како треба да изгледа една експанзија.
Chasing Carrots се имаат погрижено да додадат ем квантитет ем квалитет, опсипувајќи не со нова мапа, два хероја, десетици предмети и мисии, но и квалитетно и ефикасно подобрување на целокупното искуство. Новата мапа со цели базирани на елиминација наместо на време го разбива ритамот на кој претходно навикнавме, принудувајќи не да ги адаптираме нашите испробани тактики. За секој што уживал во основната игра и стигнал до точка каде што бара нов предизвик или нови начини на игра, оваа експанзија е апсолутно задолжителна и се истакнува како суштинско проширување кое ја прави основната игра уште подлабока, помрачна и позависна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments