Пронајдете добри игри на Steam со Steam 250

Според почетната страна на Steam 250 ова е веб сајт кој помага да се пронајдат добри игри на Steam уште од 2017 година. Ние, меѓутоа, сосема случајно го откривме сајтот неодамна и инстатно бевме импресионирани од начинот на кој сервира корисни листа од игри кои можат да се најдат на Steam.

Со посетување на почетната страна, добивате листа од топ 250 најдобри игри според рецензии оставени од гејмери. Hidden Gems прикажува 250 игри кои не се толку познати, но се исклучително сакани од заедницата, а Best of 2023 прикажува 150 најдобри игри од годината, според рецензиите на гејмерите.

Не-да-боже да почнете да скролате надолу затоа што ќе наидете на листи кои припаѓаат на најразлични интересни категории, како најчесто играни игри, најдобри игри до 5 долари, игри кои се на најдлабоки попусти, најдобри бесплатни игри, најдобри ко-оп игри, RPG игри и ред други параметри.

За подобро снаоѓање и откривање на најдобрите игри според ваши интереси имате и пет главни паѓачки менија од кои можете полесно, побрзо и поефикасно да дојдете до саканиот наслов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk