Хактивистите и гејмерите се главни виновници зад DDoS нападите

Хактивистите, но изненадувачки и гејмерите, имаат голем удел во се поголемиот дел на DDoS напади и рушење на веб сајтови, покажува анализата на Аrbor Networks. Анализата на DDoS нападите во последните десет години покажува дека најголем дел од нападите се направени преку небезбедни домашни рутери, преку кои голем број на апарати ги извршуваат нападите.

Во 2011 година наголемите напади беа околу 100 Gbps, за во 2014-та протокот на информации преку кои се извршуваат нападите да порасне на 400 Gbps. Бројот на напади со проток над 100 Gbps е зголемен над четири пати во однос на 2013-та година.

„Во 2014 волуменот на нападите е значително поголем, а напаѓачите се обидуваат да ги истуркаат луѓето офлајн, преполнувајќи го нивниот интернет сообраќај“, вели Дерен Ансти од Arbor Networks за BBC.

Зголемувањето на обемот и бројот на напади се должи на промената на технологијата која се користи за овие напади. Наместо „botnet“ сега се користат куп апарати кои се поврзани на Интернет, а се недоволно безбедни. Бројот на уреди кои се поврзани на Интернет постојано расте, а со тоа и можноста за креирање на поголеми напади. Неодамна анализа на нападите покажа дека за DDoS напади се користи речиси секој уред од компјутер до паметен телевизор, па дури и фрижидери. Дел од нападите се и поради откривање на опасни безбедносни пропусти кои овозможуваат мултиплицирање на нападите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments