Праќање на пари преку Gmail? Само ако сте во Британија

0 коментари 1 мин. читање

Google ја проширува зоната во која нуди трансфер на пари преку Gmail. По Северна Америка, услугата за проширува во Европа, а прва држава каде ќе биде достапна е Велика Британија, јави Google на својот блог.

Сервисот овозможува едноставно праќање на пари, на ист начин како што се испраќа „attachment“. Send Money овозможува испраќање на пари дури и ако примачот на парите не е корисник на Gmail. При првото примање на пари корисникот треба да го креира својот Google Wallet и да го поврзе со дебирна картичка или сметка во банка. Потоа парите може да се користат директно на Google Play или да се префрлат на сметката.

[youtube]FVKwbZOFh3o[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед