Групата Server Killer најави хакерски напади над македонските институции и медиуми

Група позната како „Server Killers“ започнала низа DDOS напади насочени кон институции и медиуми во Македонија, пишува Daily Dark Web.

Мети на овие хакерски напади се официјалните страници на Собранието и Владата на Македонија (кои секако се хакирани веќе две години – појаснување, прво клик тука, па тука) Во моментов двете веб-страници се достапни.

Пред нападите, оваа група јавно објави дека ќе се вклучат во синхронизиран хакерски напад врз македонските институции. Нападите доаѓаат како реакција на воената поддршка на Македонија за Украина и воведувањето на санкции кон Русија.

Јавно соопштение на групата дека ќе извршат хакерски напади кон Македонија

Нападите кон Македонија биле извршени во знак на протест поради горе-наведените причини.

„Тимот на Server Killers објавува дека се приклучува кон нападот врз Северна Македонија!

Причина за нашата акција е помошта на Северна Македонија за Украина со муниција и воена опрема, како и тренирањето на војници за украинските вооружени сили и воведувањето на санкции против Русија.

Сите владини системи на Северна Македонија ќе бидат цел на нашите напади!“, вели групата во соопштението.

Овие активности го потврдуваат растечкиот тренд на искористувањето на сајбер нападите како средство за изразување несогласување и примена на притисок врз земјите за кои се шпекулира дека се вмешани во контроверзни глобални случувања.

Дополнително, нашата редакција доби информации од повеќе извори дека цел на хакерските напади се повеќе македонски институции и медиуми кои деновиве се соочуваат со DDoS напади и хакерски обиди за упад.

За потсетување, лани во февруари, една од најважните институции кога се во прашање податоци за граѓаните – ФЗОМ беше хакиран а до ден денес институцијата должи одговори на следниве прашања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk