Хакнатиот Sony си ги чувал лозинките во фолдер „Passwords"

Користење на лозинки како „123“, „asdfg“ или „password“ е лоша практика, иако, како што неодамна дозна ИТ-тимот на Sonу, чувањето на лозинките во фолдер „Passwords“ е уште полоша идеја. Лозинките од повеќе друштвени профили на Sony се наоѓаат во еден фолдер кој можеби треба да го преименуваат во „NotPasswords“. Facebook, Twitter, MySpace, YouTube лозинките се уредно сместени во еден фолдер, кој благодарение на најголемиот сајбер напад врз компанијата сега им е достапен на сите.

Одговорноста за нападот ја презема непозната севернокорејска хакерска група GOP – Guardians of Peace. Првите информации изгледаат и премногу несериозни за да бидат вистините, велат дека нападот е одмазда поради филмот The Interview, во кој Сет Роген и Џејмс Франко се агенти на CIA чија мисија е атентат на северно корејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Според првите информации од украдени се 100 ТВ податоци!, а тоа што можеби треба повеќе да ги загрижи Sony, е тоа што за сега е непознат начинот на кој е пробиена заштитата и периодот во кој напаѓачите имале пристап до податоците. Шпекулациите велат дека станува збор за фишинг измама и безбедносен пропуст кој им овозмол пристап на напаѓачите до базата на податоци.

Во податоците кои досега се објавени се: кориснички имиња, лозинки, чувстителни ингормации за архитектурата на мрежата, лични податоци на вработените, листа на платите и бонусите на вработените. Софтверот кој е користен за напад е речиси идентичен со софтверот кој беше искористен во нападите врз јужно корејските банки во март 2013 година и тогаш главен осомничен за нападот беше Северна Кореа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments