1 коментар 2 мин. читање 4 декември, 2014

Апликација на денот: Денес е лесно да се нарача пица

Неверојатно е колкав пат сме поминале во последниве 40 години да ја автоматизираме нарачката на пица. На 4 декември 1974 група научници од Michigan State University работејќи на софтвер за корисници со „моебиус синдром“, односно со пречки во комуникација, ја креираа првата програма со која можеше да се нарача голема пица. Првата пицерија од која се обидоа да нарачаат пица беше Domino’s, иако пицеријата не се ни обиде да ја прифати нарачката.

[youtube]94d_h_t2QAA[/youtube]

Иронично, ако Domino’s во 1974-та одби да земе нарачка од компјутер, сега им е полесно да комуницираат со мобилна апликација отколку со луѓе. Денес Domino’s има одлични iOS и Android апликации со кои можете да нарачате пица со еден клик, и со друг да ја следите нарачката од фурната до кога ќе биде доставена. Автоматизацијата на нарачката е толку усовршена што еднаш штом ја внесете адресата, нема потреба да комуницирате воопшто со пицеријата. Одберете пица… клик… одберете тесто… клик… и платете кога ќе ви стигне на врата. Единствената човечка комуникација ќе ви биде со доставувачите, но и тие се често срамежливи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top