Властите во Црна Гора во целост се исклучени од интернет. Компјутерите се офлајн и исклучени од струја. Најголем дел од државните страници и сервиси не функционираат, а властите во Црна Гора прстите ги вперуваат во Москва. Од 20-ти август, Црна Гора е цел на координирани сајбер напади, и со нив се зафатени и банкарскиот сектор, снабдувањето со вода и електрична енергија и останатата клучна инфраструктура. Ова е најголем онлајн напад врз институциите на Црна Гора досега.
Безбедносните експерти ги советувале властите од безбедносни причини да „се исклучат“ од интернет. На враќањето на системите во Црна Гора работат експерти од повеќе држави.
„Пред нас беа големи предизвици поврзани со сајбер нападите, речиси 20 дена, целиот државен систем, системот на државна администрација, и системите за услуги за граѓаните функционираат со ограничен капацитет“, вели црногорскиот министер за одбрана, Раско Коњевиќ за Associated Press.
Одговорноста за нападите во Црна Гора ја презема групата „Cuba ransomware“. Во нападите врз групата користи нов вирус наречен „Zerodate“.
Засега Црна Гора нема цврст доказ дека нападот е извршен од руски хакери. Сепак сметаат дека имаат доволно показатели дека станува збор барем за криминална група која зборува на руски јазик. Според сознанието на властите во Црна Гора, групата функционира слободно од Русија се додека не напаѓаат руски сојузници.
Црна Гора е членка на НАТО и е една од државите кои ги поддржаа санкциите врз Русија по нападот врз Украина. Набрзо по ова, Русија ги прогласи за непријателска земја.
Македонското Министерство за информатичко општество и администрација излезе со предупредување
Како последица на нападите во соседството Министерството за информатичко општество и администрација излезе со препорака за органите на државната управа.
Мерките кои треба да бидат преземени треба да помогнат за заштита од идни сајбер напади. Советите се наменети за администрацијата, но генерално станува збор за стандардни безбедносни совети кои може да им бидат корисни на сите.
Еве гo соопштението на Министерството во целост: