Хакерската заедница во 2011

На 3-ти јануари 2011 го напишав отворениот повик за хакери. Една година подоцна има неколку работи од нашево опкружување на кои вреди да се потсетиме, што луѓето кои игриво ги проучуваат системите што другите ги земаат здраво за готово ги направија:

  • Во 2011 во Македонија се одржаа четири НСНД настани – во Куманово, Штип, Охрид и Струмица. НСНД е името на локалните и регионални хакерски средби на кои ништо не се случува, но се разменува знаење и вештини за разни технологии и понекогаш за општествени прашања. Настаниве не се спектакуларни, но нивната цел е пред се да ги зближуваат луѓето со слични интереси. Мене ми се чини дека во тоа успеваат целосно.
  • Скопскиот хаклаб КИКА успеа да преживее уште една година и едно селење. Барем за сега хаклабот останува главното сврталиште на луѓето кои сакаат да се идентификуваат со горниот опис.
  • Посебно ми е мило што во и околу хаклабот свое место си најдоа и повеќе девојки. Програмата GNOME Women Outreach фати здрав корен во нашата заедница и веќе има две девојки кои учестувале или учестуваат во проектот. Ова може да биде темел за уште поголеми хакерски активности и женско вклучување во што инаку често се смета за „машки работи“.
  • Започнавме емисија на Канал 103 што се бави со прашањата за авторски права, дигитални слободи, интернет, цензура, граѓански права и што не, прашања со кои се занимаваат и хакерите што ги познаваме и со кои соработуваме и се дружиме во регионот, но и пошироко.
  • Ја направивме и претставивме 3D LED коцката. Нема што да се пишува. Погледнете го видеото.

[youtube]RG5nNpQVYlo[/youtube]

  • Последно на списокот, но никако најмалку важно ја напишавме и предадовме на Владата на Р. Македонија, Националната политика за слободен софтвер, документ кој ако биде прифатен, усвоен и применет може да има големо влијание на тоа како државата комуницира со граѓаните и компаниите во дигитална форма и да обезбеди поголема транспарентност во нејзиното работење.

Овој список никако не е комплетен. Ова се само неколку работи кои се највидливи, но уште многу работи се случија изминатава година што ми даваат надеж да мислам дека хакерската заедница во Македонија расте и си го наоѓа своето место. Бројката сѐ уште не е толку голема, можеби дваесет или триесет луѓе, но хакерскиот дух се шири и сите сме заслужни за тоа.

Happy Hacking!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Кајзер
Кајзер
10 years ago

“…Хакерите се лица кои сакаат да се прикажат како луѓе кои се борат за слободна информација и тие ја сметаат технологијата за предизвик и веруваат дека ништо не би можело да им застане на патот. …Терминот хакер потекнува баш од таа заедница. Но, има и еден злобен аспект на терминот хакер на кој често луѓето и медиумите се повикуваат, а тоа е терминот „кракер“. Во ниту еден случај не смееме да ги мешаме овие два термина. Хакерите прават работи од кои нешто произлегува, тие не се криминалци, ниту крадци. “

“Кевин Митник е еден од најпознатите хакери во светот кој во моментов раководи со интернет сигурносната компанија Mitnick Security Consulting LLC. Кевин почна со социјално инжинерство од својата 12наесета година (Неговата најдобра способност), кога свати дека со помош на еден исти билет може да се вози насекаде нис Лос Анџелес со автобус. Првите интереси на Кевин беа Радио аматерството и Phone Phreaking. Подоцна со помош на еден свој другар, успеа да влезе во курс по компјутерски часови и љубовта се роди спрема компјутерите. Неговиот прв хак беше во 1979 кога успеа да влезе во компјутерскиот систем на ДЕЦ компанијата и успеа да украде клучни податотеки во врска со оваа компанија. …Кевин успешно изврши напади на многу компјутерски системи, вклучувајќи и неколку банки. Во 1994година, Кевин Митник изврши успешен IP-Spoofing напад врз компјутерите на Тсутому Шимомура, поради претходна расправија. “

Дамјан
Дамјан
10 years ago
Reply to  Кајзер
Мех
Мех
10 years ago

Wut ? Spam troll ?

Ice Gjorgjievski
Ice Gjorgjievski
10 years ago

Hacker password generator is software program for passwords generation based on set of symbols.

For brute force attack hackers use list of common used passwords, or passwords created from set of symbols with password generator.

Password generator is also used for creation of rainbow tables, these are composed of combinations of passwords and corresponding hash values, and are very efficient for password cracking.

Hacker Passwords http://hacker-passwords-igprogram.googlecode.com/http://hacker-passwords-igprogram.googlecode.com/

[email protected]
[youtube _mV6rAk_KnM http://www.youtube.com/watch?v=_mV6rAk_KnM youtube]

Ice Gjorgjievski
Ice Gjorgjievski
10 years ago

Hash Crack use dictionary or set of symbols for hashes cracking, and also support pwdump file format for Windows passwords cracking NTHash MD4.

– Crack list of hashes or pwdump file format for MD4 NTHash
– Hash functions: MD2, MD4, MD5, SHA1, SHA256, SHA384, SHA512
– Crack with dictionary text file
– Crack with set of symbols

Hash Crack http://hash-crack-igprogram.googlecode.com/files/http://hash-crack-igprogram.googlecode.com/files/

[email protected]

[youtube _mV6rAk_KnM http://www.youtube.com/watch?v=_mV6rAk_KnM youtube]

Дон_мистер
Дон_мистер
10 years ago

Ти си помешал хакер и кракер

Кајзер
Кајзер
10 years ago

Абе нели да си хакер значеше да не те знае никој и во тајност да провалуваш сигурносни системи, да украдеш или саботираш нешто заради профит, предизвик или протест. Од каде сега невладини организации на хакери со јавни фотографии. Ахаха o.0

види ги сите огласи на kariera.it.mk