Хакери ги нападнаа Blizzard Entertainment. Компромитирани се имејл адреси на играчите на World of Warcraft, Diablo и Startcraft. Kомпромитирани се и енкриптирани лозинки на корисниците на Battle.net, услуга која е неопходна за играње на насловите на Blizzard. Со нападот се опфатени сите, освен кинеските профили.
Иако Blizzard соопшти дека нема причина за вознемиреност и дека финансиските податоци на корисниците не се пробиени сепак им советуваат на сите корисници да ја променат својата лозинка.
Сепак за дел од не-европските корисници пробиени се и „безбедносното“ прашање, но и податоци за мобилната и дијал-ин апликација. Иако нападот е пред се на американскиот сервер, не е лоша идеја и останатите корисници да ги променат своите лозинки.
Доколку користите исти лозинки на повеќе различни профили, тогаш побезбедно е да ги промените и нив. Покрај ова Blizzard ќе направи и надградба на апликациите за авторизација, па корисниците кои ги користат истите ќе бидат известени за истата.








Да живеат Authenticator-ите