Студентите на ФИНКИ ќе учат за компјутерска безбедност со Кернел Македонија и Fortinet

(Овој текст е преземен од ФИНКИ)

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во соработка со КЕРНЕЛ Македонија и Fortinet ќе формира лабараторија со која на студентите им се нуди можност за практична настава и запознавање со уредите на овој производител, како и решенијата и начините на кои може да се оствари заштита на компјутерските мрежни инфраструктури и електронските податоци.

Fortinet, позициониран како еден од лидерите на пазарот согласно Gartner’s 2012 Magic Quadrant Report за Unified Threat Management, е специјализиран за производство на уреди кои овозможуваат зголемена заштита на електронските комуникации, како на телекомуникациските мрежни инфраструктури така и на електронските податоци и апликации. Портфолиото на Fortinet уреди вклучува Unified Threat Management уреди за заштита на локалните мрежни инфраструктури, уреди за заштита на имејл серверите (mail antispam уреди), уреди за заштита на веб апликациите и базите на податоци, уреди за лог менаџмент и централизирано менаџирање на инфраструктурата.

Во лабараторијата која ќе биде формирана на почетокот на универзитетската учебна година (октомври 2012) на студентите ќе им бидат ставени на располагање уреди со кои тие ќе може да извршуваат тестирања и конфигурирање на истите во демо околина под надзор на стручен кадар од факултетот како и инжинери од Кернел Македонија сертифицирани од страна на производителот за оддржување на обуки. Оваа лабараторија ќе им овозможи на студентите заинтересирани за изучување мрежни технологии и компјутерска сигурност да се стекнат со практични знаења со цел да се оформи нивното знаење и да се подготват за полесна интеграција за работа во компаниите по нивното дипломирање.

Дополнително ФИНКИ ќе отвори и SMART тренинг центар со цел на студентите да им помогне на студентите, преку поддршка кон нивните визуелни, аудиторни, физички и мобилни потреби, како и социјални и комуникативни побарувања., што значително ќе го олесни академското учество на студентите во наставата. Дополнително, значителен дел од опремата е наменета не само да го олесни процесот на учењето, туку и да внесе одреден степен на забава во истиот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments