Guild Wars 2: Visions of Eternity: садржајно надополнување за рејдови и изглед

во гејминг

Најновото квартално ажурирање за шестата експанзија на Guild Wars 2, насловена Visions of Eternity, неодамна пристигна, носејќи со себе значајни структурни промени кои се залагаат да го подобрат или, во најмала рака – сменат начинот на кој играчите пристапуваат кон ендгејм содржините. Еден од главните фокуси на ажурирањето е воведувањето на новиот рејд, Guardian’s Glade, каде тимови од десет играчи се соочуваат со еден од чуварите на Кастора. Вистинскиот тест на вашите способности, односно Challenge режимот доаѓа при крајот на месецот, нешто, што е стандардна практика на ArenaNet за да ни даде време подобро да се запознаеме со механиките.

Со овој рејд доаѓа и целосен ремонт на системот за рејдови. Од некоја причина, студиото реши да ги спои поранешните Strike мисии во единствен, унифициран екосистем на рејдови, како и да понуди Quickplay, слично на она што се направи со фракталите. Составот на наградите исто така е стандардизиран, со универзални валути низ сите крила и средби. Дополнително, воведени се нови достигнувања, вклучувајќи ја и титулата Raid God – нека ви е со среќа доколку се решите да ја освоите.

За дел од играчите, воведувањето на Fashion Templates претставува долгоочекувано подобрување на квалитетот на живот. Овој систем ви овозможува да зачувате целосни козметички конфигурации — вклучувајќи оклопи, оружја, бои и додатоци — независно од нивната статистичка опрема. За подобро да се снајдете, имате на располагање два бесплатни слота и 20 бесплатни Transmutation Charges. Сепак, промената не им се допадна на сите – некои сметаат дека системот е непотребно искомплициран, заменувајќи скокања низ менијата, со други непотребни параметри. Покрај сезонското освежување на Wizard’s Vault, кое покрај новите дневни и неделни квестови, нуди и тематски награди, како и можноста за изработка на новиот легендарен прстен, Endless Summer.

Кога ќе се земат сите овие работи, се чини дека сега е вистинското време да се навратите во светот на Тирија. Од една страна, унифицирањето на рејдовите и Strike мисиите создава покохезивно искуство кое е полесно за навигација. Од друга страна, новите опции за гардероба се чекор кон полесно добивање на модните војни. Единствена штета е тоа што овој квартал нема да можете да ја продолжите приказната, туку ќе мора да почекате уште некој месец за продолжување на дејствата од последната експанзија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk