Wuthering Waves Верзија 3.1: темелно ажурирање за сите љубители на играта (и снегот)

во гејминг

Wuthering Waves продолжува немилосрдно да пали и жари во светот на акциони RPG игри во отворен свет. Најновото ажурирање 3.1 прави значаен чекор напред и нуди големи подобрувања, како во оптимизацијата, така и во поглед на новите содржини. 

Wuthering Waves е „бесплатна игра“ која инстантно ќе ви се допадне доколку саката Genshin Impact. И играта на Kuro Games се темели на динамичен борбен систем каде што контролирате тим од три лика (Resonators), кои може да се менуваат во реално време. Во играта голема предност се дава на прецизноста, на темпирањето кои вештини кога и како да се активираат, земајќи го во предвид и скокањето од еден кон друѕг лик, како и константно избегнување и блокирање ударци.  Успешното парирање ја намалува таканаречената Vibration Strength на непријателите, што ги прави ранливи на посилни напади. Дополнителен слој на длабочина дава системот Echo, кој ви овозможува да ги ловите поразените чудовишта и да извлекувате од нив нови активни вештини и пасивни бонуси.

Чекорење по снегот

Верзијата 3.1 првенствено ќе ве импресионира со новиот регион, Roya Frostlands, и новиот резонатор, Aemeath. Aemeath носи освежување во Fusion елементот, користејќи меч како примарно оружје, но нејзината уникатност произлегува од способноста да повика и да се спои со механички егзоскелет. Механиката драстично го менува нејзиниот стил на игра, овозможувајќи ѝ да префрла помеѓу два режими. Од една страна, Tune Rupture специјализира за концентрирана штета врз една цел, а, од друга, аFusion Burst ви користи за справување со групи непријателите преку експлозивни напади. За разлика од досегашните ликови, овде се бара добро менаџирање на ресурсите за да се максимизира штетата преку нејзината  RL способност. Да, технички е попредизвикувачко, но на поискусните ликови апсолутно ќе им се допадне ваквата имплементираност. 

Нови рути за истражување

Покрај новите содржини, најновата верзија на Wuthering Waves може да се пофали и со значајни Quality of Life подобрувања. Системот за управување со Echoes сега по не е толку комплексен,а и намалено е времето кое е потребно за фармање. Паралелно со тоа, додадени се алатки за масовно надградување и подобри опции за сортирање, што значително го намалува времето поминато во менијата. За поефиксно истражување на светот сега имате и квалитетни надградби за Expedition Motorbike, а новата способност, Glacier Track, ви овозможува движење преку вода така што ја замрзнувате патеката пред вас.

Ажурирањето им дозволува на Kuro Games да воведат поддршка за Ray Tracing на одредени компјутерски конфигурации (како AMD RX 9000 серијата),правејќи го истражувањето на снежните предели апсолутно преубаво. Во однос на приказната, отворени се портите кон третиот чин од третото поглавје. The Star That Voyages Far нуди подлабок увид во технологијата на Exostrider-ите и минатото на Aemeath. Доколку бевте фанови на претходните чинови, овдека можете да очекувате природно надоврзување со ист квалитет како претходно. И, за крај, би било апсолутна штета да не го пофалиме и звучниот дизајн. Wuthering Waves не само што изледа, туку и звучи преубаво. Се што останува на вас е да бидете спремни да излезете во пресрет на предаторските gatcha механики. Ова е игра во која дефинитивно може да се ужива само доколку сте спремни констнатно да трошите пари. Во спротивно, го пропуштате најдоброто од клучните механики поврзани со ликовите. 

Иако не ја менува радикално формулата на играта, паметните подобрувања во системите за прогресија и истражување се повеќе од добредојдени. Aemeath е забавен и визуелно импресивен лик, а техничките подобрувања го прават искуството ем попристапна ем поубаво за сетилата. Сега е одличен момент да се вратите и да ги истражите новите мистерии на Roya Frostlands – она што ќе најдете е поквалитетно искуство од она што беше достапно при првичното лансирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments