GTA V заработи 800М долари во првиот ден

Само 24-часа откако излезе во продажба Grand Theft Auto V, заработи неверојатни 800 милиони долари. Со ова, петтото продолжение на популарната игра е најпродавана „епизода“ на GTA, но и најбрзо продаван наслов кои го издале, соопштија Take Two, издавач на игри.

„Сите во Take-Two се воодушевени од првичниот интерес за Grand Theft Auto. Уште еднаш тимот на Rockstar успее да се надмине, поставувајќи нови стандарди за иновативност, креативност и квалитет. Започнувајќи од понеделник на полноќ, корисниците насекаде низ светот се собраа во исчекување, да бидат првите кои ќе ја дожувеат еволуцијата на овој серијал.“, вели Штраус Желик од Take Two.

Одличните критики кои ги добива играта секако ќе допринесат за продолжување на одличниот старт. За жал засега нема најава за можна дата на излегување на PC верзијата на GTA, иако веќе е започната петиција која бара излегување на играта за PC, а веќе имаат подршка од околу 500.000 PC-гејмери. Претходникот GTA IV- за PC излезе осум месеци по верзијата за конзоли.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk