Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition изгледа феноменално

По бројни претпоставки и алудирања, Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition ќе излезе за 20 дена, на 11 ноември.


До сега, не знаевме со какви подобрувања ќе се одликува играта. Откако Rockstar Games ги повлекоа од продажба оригиналните верзии, решија дека е време да го добиеме и првиот преглед во играта, хардверската побарувачка, но и цената. Одиме првин со трејлерот!

Мора да се сложите, се работи за огромни подобрувања, нели? Покрај графички надградби, трилогијата позајмува трик-два од петката и во поглед на одредени гејмплеј механики, особено управувањето со ликовите и возилата. Но, ова доаѓа со огромна цена, како во поглед на харверската побарувачка, така и во поглед на парите кои треба да ги резервирате.

Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition чини 3200 денара, односно 60 долари, а доколку ја купите PC верзијата од официјалниот сајт на издавачите, добивате ваучер од 10 долари. Меѓутоа, играта може да се игра само на Windows 10 64-bit оперативен систем. Како и цената од 60 долари, така и харверската побарувачка никако не е за потценување.

Минимална хардверска побарувачка:

Препорачана харверска побарувачка:

Ви се допаѓаат ли промените или можеби сметате дека е значително нарушен препознатливиот визуелен стил? Дали цената е горка пилила која не сте спремни да ја голтнете? Кажете нѝ во коментарите, на социјалните мрежи или форумот!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition изглед&… appeared first on […]