Google ја основа Calico – компанија која ќе работи на бесмртноста?

во Свет, Статии

Google ја најави Calico, компанија која ќе биде фокусирана на подобрување на здравјето и благосостојбата на човекот. Основно поле на кое ќе врши истражување ќе биде стареењето и болестите кои се јавуваат поради него.

Мотивот зад компанијата сè се поголемиот број на болести кои доаѓаат со годините, а ги зафаќаат сите луѓе.

“Со долгорочни цели, речиси неостварливи идеи во здравството и биотехнологијата, верувам дека ќе го подобриме квалитетот на милиони жители на оваа планета”, вели Лери Пејџ.

„Посветив голем дел од мојот живот на науката и технологијата, со цел подобрување на здравјето на луѓето. Фокусот на Лери (Пејџ), за подобрување ме мотивираше и јас сум многу возбуден за следните чекори.“, изјави Артур Д. Левинсон кој ќе биде Генерален директор на Calico.

Засега останува нејасно што точно ќе работат во Calico и дали ќе работат на лекови или решенија, откако е објавено дека Calico најверојатно ќе се занимава на анализа на големи „big data“ податоци.

Артур Ливинсон останува во одборот на Apple и Genentech, па ова ќе биде прва своевидна соработка помеѓу Google и Apple, кои во последно време повеќе се навикнати на средби во судови отколку на соработка, која во иднина би можела да пронајде лекови за многу болести за кои во моментов нема лекови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk