Спонзориран текст

Зоран Спасов: BtoBet бележи експоненцијален раст благодарение на вработените

Спонзорирано од BtoBet

во Спонзорирани

ИТ компанијата BtoBet е еден од лидерите, а воедно и пионер во iGaming индустријата и во светски рамки. Управниот директор, Зоран Спасов, во интервју открива дека BtoBet бележи експоненцијален раст особено во последната година, меѓу другото, и поради тоа што фокусот на нивното софтверско решение е целосно насочено кон играчот со цел врвно корисничко искуство, но и како резултат на партнерството со водечкиот глобален провајдер во iGaming индустријата Aspire Global, што на партнерите им дава на располагање значајни иновативни решенија кои произлегуваат од зголемениот инвестициски капацитет. Што за компанијата значи оваа аквизиција, но и што таа прави за придобивање и задржување на квалитетни вработени и како се справува со предизвиците на пандемијата, разговараме одблизу со првиот човек на BtoBet.

Господине Спасов, неодамна објавивте дека сте една од трите најдобри компании во светски рамки во висококонкурентната iGaming индустрија, а компанијата бележи експоненцијален раст особено во последната година. Како започна патот за македонскиот BtoBet кој денес е еден од водечките провајдери на софтвер за електронско спортско обложување и онлајн казино во светот?

Од 2016-та година кога BtoBet всушност и беше оформена како компанија, својот раст го базираше на неколку клучни столбови, но првично на развој на врвна технологија како за оние кои се обложуваат, така и за операторите во iGaming индустријата, преку што се погриживме нашите софтверски решенија и платформи за спортско обложување да бидат прилагодливи за различни пазари. Оттука, фокусот го насочивме на играчот овозможувајќи корисничкото искуство да се приспособи до најмал детаљ.

Овој пристап ни овозможи да го зацврстиме своето присуство на пазарите во пораст во Латинска Америка и Африка, како и на веќе развиените пазари како тој во Европа. Брзиот развој на компанијата го привлече вниманието на Aspire Global, што ни овозможи да станеме составен дел од оваа групација. Како што спомнавте, BtoBet се развиваше експоненцијално во последната година и мило ми е што меѓу партнерствата склучени во овој период се и оние со глобалните моќни оператори како William Hill и Betfair.

По шест години самостојно функционирање, во 2020 година, BtoBet стана дел од реномираната глобална групација Aspire Global, која котира на шведската берза. Какви промени донесе ова партнерство и што всушност значи за понатамошниот развој на BtoBet?

Факт е дека тоа што BtoBet сега е дел од групацијата Aspire Global, кој е водечкиот провајдер од iGaming индустријата кој го покрива целокупниот ланец на вредности, нанашите партнери ќе им даде на располагање значајни иновативни решенија кои ќе произлезат од зголемениот инвестициски капацитет. Ова би се случувало истовремено со овозможување на пристап до дополнителни содржини и производи кои се составен дел од портфолиото на групацијата.

Важно е да се спомене и дека преку аквизицијата, групацијата Aspire Global и BtoBet директно ќе се здобијат со значителна предност на пазарот со оглед на тоа што групацијата сега нуди холистичко iGaming решение на пазарите на кои сме моментално присутни и каде досега недостигаше софтверско решение за спортско обложување. Покрај видливиот потенцијал за генерирање значителен развој, групацијата на големите клиенти им дава можност да влезат на нови пазари преку употреба на доста напредно и комплетно решение со кое за многу кратко време ќе се издигнат на пазарот.

Сведоци сме дека македонскиот ИТ пазар се соочува со дефицит на квалификуван ИТ кадар. Како BtoBet се соочува со овој предизвик и која е вашата политика за придобивање и задржување на квалитетни вработени?

Постојано сме во потрага на таленти и сметам дека ова е мисија која се протега низ плановите на компаниите кои сакаат да го одржат својот развој на долгорочно ниво. Истовремено, во фокусот на нашиот план е задржувањето на квалитетните членови од нашиот тим на вработени. Поефикасно е да се задржат квалитетните работници отколку да се регрутираат, обучуваат и насочуваат нови, заменски работници од исто квалитативно ниво. Поради ова, создадовме бенефициска програма за задржување на вработените којашто е од витално значење и во привлекување на новите, а секако и во задржување на клучните членови од нашиот тим на вработени. Тука не зборувам само од бенефициски аспект којшто е непосреден и вклучува, меѓу другите аспекти, можност за флексибилно работно време и далечинско работење, туку и од аспект на напредување во кариерата. Да не заборавиме дека тоа што BtoBet стана составен дел од Aspire Global отвори, исто така, огромен број можности и за нашите вработени. Вработените не само што сега работат во мултинационална и мултикултурна средина, туку ќе имаат континуирана можност да придонесат во успехот на тимот преку различни улоги соодветни на нивните дополнителни вештини.

Пандемијата со Ковид-19 на компаниите им наметна да ги променат своите рутини. Како оваа промена влијаеше конкретно врз BtoBet?

Како и многу други бизниси низ целиот свет во време на пандемија, активно ја анализиравме ситуацијата и ги зедовме предвид сите можности во смисла на правење на потребните адаптации за тимот да биде што поефективен и поагилен, притоа усвојувајќи пристап во којшто работникот е на прво место. Почнавме да размислуваме на подолг рок, вклучително и за алтернативни начини за структурирање на работната комуникација, работните часови, како и за физичко присуство. Во овој контекст, јас сум повеќе од задоволен од нашата конвергенција кон хибриден модел на работа, при што го комбинираме далечинското работење со канцелариската работа. Сега би се осмелил да кажам дека тоа што бевме принудени да се прилагодиме на овие никогаш претходно замислени околности, беше всушност светлата страна на пандемијата. Додека пак, позитивниот фидбек од страна на вработените укажува на тоа дека сме тргнале по вистинскиот пат.

Оваа година се покажа како динамично време за глобалната економија, но iGaming индустријата бележи значителна експанзија. Според прогнозите, ова е само почеток на ваквиот позитивен тренд кој се предвидува да продолжи и во наредните години. На што се должи ова и кои според Вас се предностите да се делува во ваква динамична и конкурентна средина?

Да започнеме со тоа дека обложувањето не е нешто што е измислено пред пет или десет години и постои во различни форми уште од раните цивилизации. Дали ова значи дека iGaming индустријата беше одмината од пандемијата? Дефинитивно не, туку беше директно погодена, особено во периодот кога беа откажани сите спортски настани. Но, индустријата сама по себе е доста разновидна, така што таму каде што една активност се намалува, друга активност некако го компензира делот во застој. Всушност, iGaming индустријата е една од ретките што покажа „еластична“ природа во однос на нарушувањата предизвикани од КОВИД пандемијата. Само како пример, погледнете го ефектот што пандемијата го имаше врз туризмот, авијацијата и автомобилската индустрија. Од друга страна, iGaming индустријата е во пораст и ќе го задржи ова темпо, додека пак, оваа „еластичност“ е еден од клучните фактори што ги привлекува вработените во оваа индустрија.

За крај, која е вашата стратегија за развој во следниот период? Дали можеби планирате дополнителна експанзија на повеќе пазари, отворање на нови канцеларии…?

Планот на компанијата е да го зацврсти своето присуство на пазарите кои се примарна патека за развој, како што се тие во Африка и Латинска Америка. Од друга страна, го прошируваме своето присуство и на други пазари , како што е веќе развиениот iGaming пазар во Европа. И со задоволство би кажал дека ги исполнуваме целите кои сме си ги поставиле и на двата „фронта“. Она што е интересно е тоа дека iGaming индустријата континуирано еволуира. Така, постојано ги следиме новите можности кои се јавуваат на ново-регулираните пазари, како што би бил Бразил откако ќе биде целосно регулиран и отворен за бизнис.

Дополнително, технолошкиот развој е континуиран процес. Постојано сме во процес на истражување на нови и иновативни решенија кои би ги понудиле на нашите партнери за да можат да обезбедат стимулирачко искуство за нивните играчи, особено откако фокусот го ставивме на играчот со што софтверското решение на BtoBet се разликува од останатите провајдери на пазарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на BtoBet . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk