0 коментари 1 мин. читање 25 октомври, 2021

Поставувајте самолепливи пораки со PaperNote

PaperNote e исклучително мала (68 KB) и ограничена апликација која има само една цел – да ви дозволи да поставувате виртуелни самолепливи пораки на вашата десктоп површина.

Во случај да имате потреба од вакви потсетници, PaperNote ќе ви излезе во пресрет со ливчиња во различни големини, но и бои, како и можности за промена на нивната местоположба. Доколку сакате, можете да наместите „ливчињата“ да доминираат и да се истакнуваат над сите ваши моментно отворени прозорци.

Што се однесува до фонтовите, можете да им ја менувате големината, да ги здебелувате или прецртувате зборовите, како и да им ја менувате поставеноста на ливчето (да го поставувате напишаното на лева или десна страна, или точно на средина).

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top