Google забрани промоции на новите Google+ страници за брендови

Вчера пишавме за стартувањето на новите Google+ страници, а веќе еден ден потоа започнаа да излегуваат интересни услови за користење на овие страни. Политиката за користење на Google+ страниците налага сопствениците на страниците да не се служат со било какви промотивни активности директно на друштвената мрежа.

Според овој услов, брендовите и компаниите не смеат да водат наградни игри, разни понуди, купони, или било какви промоции на своите Google+ страници. Дозволено е само да се додаде линк до други веб сајтови или друштвени мрежи каде се водат промотивни активности. Доколку овој услов е прекршен, Google+ има за право да ги брише промотивните содржини, па дури и да ја блокира или избрише Google+ страницата која не се придржува до политиката на Google+.

Предходно, со лансирањето на Google+ се кренаа лавина негативни реакции за политиката на оваа друштвена мрежа според која корисниците мора да го користат своето вистинско име. Голема е веројатноста дека и горенаведениот услов за користење на Google+ страниците ќе биде дочекан со негативни реакции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Divi
Divi
14 years ago

Причината за тоа според тоа што прочитав во последно време мислам дека е поради Гугл Оферс, како што кај нас се Колектива,Групон,ТопТАн и сл. ;)

Boris Kuzmanov
14 years ago

Доста чудни одлуки почнаа да донесуваат од Google, во последно време. Ако е забрането организирање на било какви промотивни настани, наградни игри и сл., тогаш која е поентата да постојат тие страници за брендови? Зошто некоја компанија би имала G+ страница преку која ништо конкретно не би можела да направи. Ама тие си знаат…

Raging Demon
Raging Demon
14 years ago

Па за што компаниите би отвориле профил ако не за промоција, да гледаат анимирани гифови на Г+? -_-