Интернет случувањата по повод изборите во САД и Доналд Трамп

Поминаа изборите во САД, Доналд Трамп ја доби претседателската трка и со тоа официјално стана старо-новиот претседател на САД. Трамп важи за човек кој што вешто знае да го привлече вниманието со своите твитови и изјави.

Интернетот и социјалните мрежи се наше секојдневие, овој изборен циклус беше многу динамичен како што и се очекуваше. Динамичноста на случувања во сајбер просторот му одеше во прилог на Трамп. Покрај него, неговите соработници и подржувачи, неговата популарност им оди во прилог и на многу други лица кои што пробуваат и успеваат да го искористат него како “маскота” за потенцијална заработка или измама.

Добро се сеќаваме на велешаните кои стекнаа светска слава во изборниот циклус пред осум години. Додека пак, годинава бевме сведоци на продавање на лажни картички со ликот на Трамп за кои се испостави дека повторно имаат врска со Велес.

Доналд Трамп важи за контровезен политичар, што е еден од факторите за неговата популарност на социјалните мрежи. Трамп е опкружен со контроверзии, покрај обвинувањата за финансиски прекршоци, тој имаше и низа конфликти со технолошките гиганти.

Во 2021, ги тужеше Google, Facebook и Twitter за цензура, неколку месеци претходно беше отстранет од социјалните мрежи и најави сопствена социјална платформа. Во првиот свој мандат им забрани на кинеските производители да градат компјутерски мрежи во САД, го блокираше купувањето на Qualcomm, а ниту Amazon не беше изоставен во оваа низа.

Google и ChatGPT ја подржуваа Камала Харис!

На крајот од изборниот циклус уште повеќе етаблирани светски медиуми пишуваа за тоа како Google и ChatGPT наводно ја подржуваат Харис како подобра опција.

На социјалните мрежи се појавија повеќе објави каде што корисник го прашува ChatGPT да го убеди да гласа за Трамп, а тој одговара дека не може да му одговори на тоа прашање. Додека пак, го прашува зошто да гласа за Харис, а чет-ботот одговара потврдно и ги пишува ставовите на Харис за одредени релевантни прашања.

Нема официјален одговор од OpenAI за овие објави на социјалните мрежи. Многу е веројатно овие објави да се лажни, со оглед на моментот во кој се објавени.

https://x.com/MarioNawfal/status/1853891852736639391

Но, она што крена прашина е твитотoвите околу одговорите на Google за тоа каде да се гласа за Трамп и Харис.

Имено, кога корисниците ќе го прашаа Google каде да гласа за Харис, Google враќање насоки за како може да се гласа. Од друга страна пак, кога корисниците ќе го прашаа Google каде да се гласа за Трамп, Google враќаше листа на вести поврзани со изборите.

Од Google излегоа со официјално соопштение дека ова било баг за специфично пребарување бидејќи Харис е исто така и име на округ во Тексас и го вклучува градот Тексас.

Photo by visuals on Unsplash

Изборите завршија, Трамп се врати на голема врата. Едно е сигурно, а тоа е дека и во новиот мандат ќе биде во центарот на вниманието, а социјалните мрежи и натаму ќе бидат преплавени со најразлични објави поврзани со него.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments