0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2011

Hewlett-Packard ќе го продава WebOS?

Hewlett-Packard планира да го продаде својот мобилен оперативен систем WebOS, и тоа за многу помалку од цената за која го купи. Компанијата го доби овој оперативен систем минатата година со купување на компанијата Palm за 1,2 милијарди долари.

Според извори на Reuters, Hewlett-Packard се советува со Банката на Америка за тоа дали да го продаде својот мобилен оперативен ситем или не. Моментално има неколку компании кои се заинтересирани да го купат WebOS, кој е атрактивен поради своите патенти. Во извештајот на Reuters не стои кои се заинтересираните купувачи, меѓутоа Oracle се спомнува како еден од најверојатните кандидати. Hewlett-Packard одби да ги коментира извештајот на Reuters, изјавувајќи дека компанијата бара начини како да го оптимизира нивниот мобилен оперативен систем.

Пред неколку месеци, поради слабата продажба компанијата донесе одлука да го прекине производството на својот таблет компјутер, HP TouchPad, кој беше изграден врз WebOS. Интересно е тоа што откако беше најавен прекинот на производството, и намалена цената за да се распродате залињата, HP TouchPad успеа да се распродате во најбрз можен рок. Новиот главен човек на HP, Мег Витман, минатиот месец објави дека компанијата нема да се откаже од пазарот на таблет компјутери и ќе продолжи да го произведува HP TouchPad. Официјалната судбина на WebOS сè уште е непозната.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}