Google+ сега препознава лица на фотографии и има нов сервис за настани Schemer

Google претстави две нови интересни опции за својата друштвена мрежа. Eдната опција е Schemmer за креирање настани, оваа опција е во затворена бета и е налик на Facebook Еvents, додека втората е Find my Face што е опција за препознавање на лице за полесно тагирање на фотографии. Покрај овие две новини, Google+ сега има подблабока интеграција со Gmail.

  • Find my Face

Find My Face ќе ги препознава лицата на фотографиите и ќе сугерира пријатели кои треба да ги тагнете. Препознавањето на лице функционира само доколку е активирана опцијата, вели Google.

Ова е потребно со цел да се зачува приватноста на многу корисници кои не се расположени да бидат тагирани на купишта слики. Google сигурно научи многу за како правилно да се користи оваа опција откако Eвропската Унија го скара Facebook бидејќи ја активирал автоматски, по што мрежата мораше да се извини.

Опцијата ќе стартува во текот на наредниве денови.

Schemer е oдговор на Google за Facebook Events. Корисниците ќе можат да креираат „шеми“ за разни активности, но и да побараат разни активности релевантни за нив.

За разлика од Facebook Еvents преку кои се покануваат пријатели, преку Schemer корисниците сами ќе можат да си најдат настани од нивен интерес. Ќе можат да се одбележуваат шемите кои се извршени и тие кои корисниците сакаат да ги направат.

При прегледување на листите со шеми т.е. настани, корисниците ќе можат да видат и кои други корисници се заинтересирани за тие настани. Schemer ќе биде поврзан со Google Calendar.

[youtube]-LQn7hgloI4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments