Битката меѓу Twitter и Facebook се разгорува така што двете мрежи започнаа да си ги копираат функциалностите. Twitter претстави нов дизајн со профили на брендови, станувајќи се повеќе налик на Facebook, додека оаа друга друштвена мрежа првин претстави Ticker за следење на активностите налик на Twitter фид, a потоа и копче Subscribe за следење на профили профилите како на Twitter. Тоа копче Subscribe е сега достапно и за веб сајтовите, токму како и Twitter Follow.
Копчето Subscribe за веб сајтовите функционира исто како што е тоа на Facebook за следење на профилите. Кога на профил ќе се кликне Subscribe, корисникот започнува да го следи тој профил, односно се претплатувате на јавни постови од тој профил кои се прикажуваат на корисничкиот ѕид.
Subscribe за веб сајтовите се разликува по тоа што се користи на надворешни веб сајтови. Корисниците кога ќе кликнат на копчето автоматски ќе се претплатат на новости од тој автор. Со ова Facebook им дава поголема популарност на новинарите, блогерите и другите личности со веб сајт да генерираат поголема база на претплатници, со што се дава поголем вирален ефект за споделување на информациите. Се чини дека останува правилото со претплатата да се гледаат само постови кои се одбележани како јавни на друштвената мрежа.
Примери за Subscribe копчиња на други сајтови ќе најдете тука. За како да го инсталирате Subscribe копчето на вашиот сајт со iframe или XFBML повеќе ќе најдете тука.