Тимот на Google кој работи на Chromium се обидува да најде решение со кое ќе може да се стартуваат апликациите без претходно да се инсталираат. Апликацијата ќе може да се стартува, или барем таков е планост, само со притискање на линкот. Новитетот повторно е oбјавен од програмерот на Google, Франсоа Бофорт, кој неодамна ја откри, „Ok Google“ командата за Chromebook.
Промената овозможи додавање на Launch опција во Chrome App Store со која корисниците ќе можат да стартуваат апликации директно без нивно претходно преземање и инсталирање. Покрај ова ќе постои и опција со која корисниците ќе можат да ги стартуваат апликациите и со селектирање на линк, но со оглед на тоа дека ова е речиси идеална опција за малициозен софтвер, Google ќе ја ограничи можноста за стартување на апликации од линк единствено од Google Search страната. Овој новитет треба да ја зголеми популарноста на апликациите на Chrome, бидејќи корисниците ќе можат да разгледаат некоја од апликациите без инсталација, а ако одлучат дека им се допаѓа, ќе може и да ја преземат, пишува The Next Web








