0 коментари 2 мин. читање 29 ноември, 2013

Што е биткоин? Mt. Gox стартува веб сајт да ја објасни дигиталната валута

Bitcoins.com е нов информативен сајт на една од најголемите берзи за биткоини, Mt.Gox, чија целе е да ги објасни предностите на се популарната дигитална валута која стигна до рекордна вредност од 1.000 долари, иако пред нешто помалку од година дена беше под сто долари.

Иако страната е информативна, и засега се чини дека не навлегува премногу во детали, но сепак успева да долови дел од предностите на дигиталната валутата, како тоа дека се работи за децентрализирана валута која може да се следи од чин новчаник оди и во чив доаѓа, сепак корисниците остануваат анонимни. Страната има директен линк до цената на биткоините на Mt.Gox. Иако е во сопственост на берзата тоа нема да може да го заклучите од изгледот на сајтот, напротив сајтот е едноставен и со исклучот на линкот кој води до цената, нема да заклучите дека Mt.Gox се рекламира. Среќната околност е што не се одлучиле за реклама „Ако сакате биткоини одете на Mt.Gox“, вели TechCrunch.

[youtube]XhFjfVQK3G8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top