Google отвора нов центар за вештачка интелигенција во Кина

во Вести

Брзиот развој и потребата од квалификуван кадар го испрати Google на мисија во Кина. Компанијата најавува отворање на центар за вештачка интелигенција Пекинг.

Компанијата веќе има канцеларии во овој град, а на постоечкиот тим ќе му биде додаден нов, помал тим кој ќе биде тим за вештачка интелигенција во Пекинг. Целта секако е да се собере локалниот талент, и да започне со развој на вештачка интелигенција до Кина.

Со оглед на тоа дека талентираните истражувачи на вештачката интелигенција ги нема многу, Google се обидува да се позиционира во што е можно подобра положба на големиот кинески пазар. Тимот од Пекинг ќе соработува со веќе постоечките Google центри во Њујорк, Торонто, Лондон и Цирих.

„Човештвото минува низ огромна трансформација благодарениена феноменалиот раст на компјутерите и дигитализацијата. За само неколку години, автоматското класифицирање на сликите во апликациите е вообичаена функционалност. Гледаме брз развој и прифаќање на природниот јазик како интерфејс, преку гласовни асистенти како Google Home. Во облакот, компаниите со чудесно темпо ја користат вештачката интелигенција да го трансформираат нивниот бизнис. Како што технологијата започнува позначително да го обликува животот на луѓето, така мора заедно да работиме за вештачката интелигенција да биде придобивка за сите“, вели Феи-Феи Ли, на блогот на Google.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk