Google+ направи мали промени на својата полиса за имиња на профилите со која ќе им дозволи на корисниците да додадат алтернативно име на нивниот профил се доколку го искористиле тој псевдоним на друго место онлајн, пример на Twitter, на блог, Flickr итн, или се има појавено во печат. Тој процес на верификација на псевдонимот може да потрае и неколку дена, вели Google. Еднаш потврден, корисниците ќе можат да се логираат со тој псевдоним.
Но, тие промени нема да се однесуваат на користење псевдоними за креирање профили. Google сè уште сака да го користите своето вистинско име за својот друштвен профил. Не за џабе бришеа профили.
Оваа полиса е критикувана од многумина кои велат дека псевдонимите се потребни за да се скрие идентитетот. Oдговорот од Google е дека ако сакаат да го кријат идентитетот, тогаш корисниците не треба да се на друштвена мрежа.
Сепак, Бредли Хоровиц од Google вели дека псевдонимите им значат на корисниците, и токму затоа има и промени во полисата. Според анализата на Google+, скоро 60 отсто од корисниците сакат псевдоним, а, интересно, 20 отсто од нив се бизниси.
Според г. Хоровитц, оваа промена е чекор напред кон тоа како ќе може да се сподели онлајн идентитетот на Google+.
„Ќе продолжиме да го слушаме фидбекот од заедницата и ќе продолжиме да ги дотеруваме сите аспекти на како се справуваме со имиња и идентитет во идниве недели, месеци и понатаму.“