0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2012

Обама ќе се дружи со граѓаните преку Google+ Hangout

Американскиот претседател Барак Обама повторно ќе покаже како треба да се однесува модерен политичар кој знае да ги искористи сите можни ИТ алатки за да биде во директен контакт со тие на кои им служи.

Г. Обама за 30-ти јануари закажа своја прва Google+ Hangout средба на која во живо ќе одговара од прашањата од граѓаните кои ќе бидат објавени на YouTube. Hangout е алатка за видео средба меѓу корисниците на друштвената мрежа на Google.

Корисниците ќе можат да ги закачат своите прашања преку YouTube Moderator алатката. Преку неа другите граѓани ќе гласаат за своите омилени прашања. Најпопуларните ќе бидат одговорени преку Hangout видеото кое ќе биде достапно на официјалната страна на Белата куќа, како и на официјалните профили на Google+ и YouTube.

Американскиот претседател е познат по користење на друштвените мрежи за да стапи во контакт со граѓаните. Претходно, имаше собир на Facebook со корисници од друштвената мрежа, LinkedIn и Twitter, а уште од кога е на претседателската фотеља го користи YouTube како алатка за своите неделни обраќања.

Што се однесува до македонскиот претседател, г. Иванов се чини дека не користи друштвени мрежи, но затоа премиерот Груевски преку Facebook одговори на прашања на граѓаните.

[youtube]TY-ZQQbQyaQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top