Нема потреба од масовна хистерија, Anonymous негира дека ќе го нападне Facebook

На 28-ми јануари ќе се направи глобален сајбер протест чија прва мета би била Facebook. Барем вака се вели во YouTube видеото кое е наводно од Anonymous. Всушност, поради природата на групата која е составена од разни членови ширум светот без некој истакнат водач или знаење кој се е вклучен во неа, многумина му поверуваа на видеото.

Но, групата преку својот официјален Twitter профил, можеби еден од ретките официјални нешта од Anonymous, негира дека се работи за нивно видео. Според нив, масовните медиуми лажат. Повторно.

Anonymous станаа активни во последниве неколку дена откако американските власти го исклучија Megaupload. Веднаш по исклучувањето на сајтот, хакерската група ги сруши сајтовите на FBI, CBC, Warner Brothers и други.

Anonymous не се спротиставуваат толку против гасењето на Megaupload, туку тој инцидент повеќе им послужи како повод да протестираат против новите предлог-закони во САД, Stop Online Piracy Act и Protect IP Act, кои, доколку се изгласаат од Конгресот, ќе ги обврзат провајдерите и веб сервисите да ја следат содржината која е споделувана од корисниците. Идејата зад новите закони е да ја спречат пиратеријата, но бидејќи законот е премногу општо напишан ќе може да дозволи и исклучување на цели сајтови дури и ако има и легална содржина.

Што се однесува до видеото, и претходно во ноември кружеа гласини дека Anonymous ќе го напаѓа Facebook. И тогаш се предизвика масовна хистерија, но ништо не се случи.

Можеби реакцијата од преплашените корисници не води кон следното прашање – Дали сте засегнати од тоа што во САД се воведуваат закони против пиратерија, или сте засегнати што вашата секојдневна веб дестинација може да се најде во опасност да биде исклучена за еден или неколку дена?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
...
...
12 years ago

хистерија ? hmm

Mihaela
Mihaela
12 years ago

neka go napadna, ako :D a dali moze nekako da se priklucis na grupava, da gi podrzis ili nesto slicno?? svarno me me interesira…

Anon
Anon
12 years ago
Reply to  Mihaela


Секој е добредојден да се приклучи во оваа акција. За да го направиш ова, само оди на видеото (http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=oVSQ3JIgIXE) и во описот под видеото е објаснето како можеш да се вклучиш во акцијата.
Што се однесува до групата, бидејки таа нема свои истакнати лидери, точно определени правила и идеали, секој може себе си да се прокламира како нивен член. Само прати ѓи нивните официални профили, приклучи се во дискусиите на нивните ИРЦ канали и сигурен сум дека некој ќе те исконтактира.

dlmmr
dlmmr
12 years ago
Reply to  Anon

Те молам не шири дезинформации. Анонимус е идеја и секој може слободно да ја подржи, точно, ама ако ги пратиш стварно "официјалните" профили и ИРЦ каналите, ќе знаеш дека видеото е лажно и не е подржано од самото јадро на групата (Сепак мора да се координираат акциите некако). Значи нема никаква смисла како прво, како второ причина (провокација, подршка за SOPA/PIPA/ACTA), а и како трето, нема начин. Facebook неможе да се сруши со обичен DDoS напад, а тоа членовите на Анонимус го знаат. Facebook се соочува со милиони нормални посети дневно, па замислете си колку луѓе би требало да се приклучат во нападот за да се паднат сите 60 000 сервери, барем на неколку минути.

Mihaela
Mihaela
12 years ago
Reply to  Anon

видеово е тргнато поради авторските права од некој си "Karen J. Sutherland" барав и друго вакво видео да не има на youtube но не најдов… ако знаеш нешто повеќе за тоа како да ја подржиш или приклучиш на групава, пиши. Фала :)

dlmmr
dlmmr
12 years ago
Reply to  Mihaela

Преку било кој ИРЦ клиент приклучи се на сервер irc.anonops.li или еве ти веб клиент: http://irc.lc/anonops