Google Map Maker е достапна во Хрватска, Словенија, Грција, Естонија, Литванија и Словачка. Алатката им овозможува на корисниците да помагаат во подобрување на Google Maps креирајќи свои мапи. Корисниците можат да ги уредуваат Google мапите со тоа што ќе додадат или уредат локации, додавање на пат и преглед на останатите промени од корисниците. Google Map Maker e претходно достапен во Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. (текстот е исправен благодарение на коментарите на Борисето, Петар и Горан)
Покрај додавање на места како ресторани и паркоби, корисниците можат да исцртаат и планински патеки и велосипедски патеки што е навистина одлична алатка за креирање на патишта кои пред се им се познати на локалните корисници. Мапите ќе помогнат за зголемување на и олеснување на квалитетот на искуството кое го имаат туристите кои доаѓаат во Хрватска и ги користат своите паметни телефони, што во последно време станува пракса.
„Корисниците во Хрватска одлично ги прифатија GEO услугите на компанијата Google кои се воведени во подолг временски период, вклучувајќи ги тука и Street View, Google Navigation или Traffic“, вели Јошко Мрнџе, директор на Google за Медитеранот за Vecernji.hr.
[youtube]qyXTvj-Mm9k[/youtube]








Фала на коментарите дечки, направив мала забуна но сега е поправено. Фала уште еднаш! :)
Дечки да не спиете случајно? Сервисов работи во Македонија пред СИТЕ други земји, веќе 3-4 години…
Од каде тоа дека алаткава не е достапна во Македонија? Има нешто ново или..?
Пошо уште од 2011 имам додадено и изменето доста работи.
Google Maps Maker е достапен за Македонија уште од 2009 година.