Google+ коментарите сега се достапни за WordPress

Пред неколку денови од Google ги обновија коментарите на нивниот сервис за блогирање, така што направија сопствен Google+ систем за коментирање, а денес истиот благодарение на развивачот Брендон Холтсклау е достапен и за WordPress. Oвој систем не е оптимизиран за WordPress, сега според тоа што можеме да го видиме работи добро, а гледајќи го кодот и тагот за коментарите, од Google воопшто не го ограничуваат само да биде користен на нивниот сервис.

Со ова Google сака да зададат удар врз системот за коментирање на Facebook, како и кај останатите системи за коментирање, но, колку ќе се користи, останува да покаже време. Додатокот Google+ Comments е достапен во WordPress.org директориумот и можете да го преземете од http://wordpress.org/extend/plugins/gplus-comments.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments