BitTorrent ја објави својата алтернатива на Dropbox и останатите сервиси за чување на податоци – Sync – која користејќи го BitTorrent протоколот ќе им овозможи на корисниците да синхронизираат датотеки помеѓу повеќе уреди. Dropbox, Google Drive, SkyDrive, Mega… се исто така сервиси кои нудат чување на документи и различни датотеки, но тука се поставува прашањето колку се безбедни нашите податоци објавени на било кој од овие сервиси. Со BitTorrent Sync, корисниците ќе ги контролираат своите податоци и трети апликации ќе немаат пристап до нив.
Покрај зголемената безбедност, BitTorrent вели дека Sync синхронизацијата ја врши побрзо отколку сите овие сервиси кои нудат услуги во облакот. А уште една предност е немањето лимит и било какви ограничувања за корисниците. Sync апликацијата е достапна за Windows, OS X и GNU/Linux, а може да работи и на NAS уредите преку веб интерфејсот.
„Возбудени сме за објавувањето на Alpha верзијата. Фидбекот кој го добивме е позитивен и веќе се синхронизирани повеќе од 200TB податоци.“, објавуваат од BitTorrent.
Мераци!