Reddit се извини за „ловот на вештерки“ и погрешното осомничување на бомбашите од Бостон

Колку и да го сакаме интернетот, сепак голем дел од работите кои се споделуваат треба да бидат земани со резерва, дури и ако тие „факти“ се прифатени од огромна заедница која се обидува да им даде кредибилитет со бројни фотографии. Конкретно зборуваме за заедницата на популарниот сајт за вести Reddit која се обиде преку фотографии да ги најде и идентификува бомбашите во Бостон. Заедницата покажа со прст кон двајца студенти, 17 годишниот Сала Бурхун и 22-годишниот Сунил Трипати (изчезнат), како можни бомбаши само бидејќи носеа ранец и капче на традиционалниот Бостонски маратон. Убедливоста на тие слики и на заедницата беше толку голема што New York Post ги објави сликите од двајцата студенти со зборовите „Еве ги бомбашите“. Но, на крај се се претвори во голема фарса. И првин New York Post, па сега и Reddit, мораше да се извинат за погрешното идентификување. Страната каде се одвиваше „ловот на вештерки“ моментално е затворен.

Според FBI, вистинските бомбаши се двајца браќа имигранти од Чеченија од кои едниот е убиен од полицијата, а другиот сериозно ранет и во болница. За да биде иронијата поголема, вистинските бомбаши носеа капчиња и ранци на маратонот, но онлајн заедниците на Reddit и 4Chan не објавија ниту една нивна слика. Можеби бидејќи тие едноставно не изгледаа толку сомнителнo.

„Мора да се осврнеме на тоа што се случи и да се осигураме дека во иднина се што ќе правиме ќе биде да се помогне, не да се наштети на кризната ситуација.“, велат уредниците на Reddit во своето извинување.

Иако иницијативата – која му донесе рекордни посети од 272.000 корисници на Reddit – имаше добронамерна цел да помогне да се најдат бомбашите кои убија тројца и повредија над стотина луѓе, сепак, велат уредниците, треба да се пази со опасни шпекулации без докази за да не им се наштети на невините луѓе, но и на полицијата која може да појде во погрешна трага со цел да ги убеди другите во измислените докази.

Уредниците се извинија и на фамилијата на 22-годишниот Трипати кој се уште изчезнат. Неговата Facebook страница беше опседната со негативни коментари и обвинувања за бомбашкиот напад. Неговото име беше и меѓу попопуларните хаш-тагови на Twitter.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments