Google Nexus 7 ќе чини околу 200 долари

Најновите информации до кои дојде Gizmodo, ни откриват дека Google на I/O конференцијата  ќе го претстави својот прв Nexus 7 брендиран компјутерски таблет. Како што беше очекувано таблет компјутерот ќе го изработува Asus и ќе има два модели – модел со 8GB простор кој ќе чини 199 долари и 16 GB кој ќе се продава за 249 долари.

Nexus 7 ќе работи на Android 4.1 Jelly Bean, со четири јадрениот Tegra 3 процесор на Nvidia, Ge-Force 12-core графички процесор и 1GB RAM. IPS (In-Plane Switching) дисплејот ќе нуди поглед под агол од 178 степени и резолуција од 1280х800 пиксели. Исто така, Nexus 7 ќе има и NFC поддршка за Google Wallet (најверојатно само во САД) и Android Beam.

Според информациите од Gizmodo, Nexus 7 ќе започне да се продава од следниот месец и би требало да биде одлична конкуренција на Kindle Fire кој е целосно „заклучен“ во еко-системот на Amazon, па Nexus таблетот ќе понуди одлично искуство за поприфатлива цена во однос со останатите популарни компјутерски таблети како Apple iPad или Surface, новиот таблет компјутер на Microsoft претставен пред само недела дена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
ненад
ненад
13 years ago

справка за резолуцијата и цената http://blog.gsmarena.com/asus-nexus-7-tablet-snap

Boris Kuzmanov
13 years ago
Reply to  ненад

Помеѓу 149$ и 199$ за моделот од 8GB, а од 16GB ќе е поскап (види Gizmodo за информациите, тие стигнаа до информацијата). Исто и резолуцијата е таа што е, 1280 х 800. Поздрав.