Research in Motion планира да си го подели својот бизнис на два дела, еден за комуникациската мрежа со пораки и другиот во компанија која прави мобилни телефони BlackBerry, пишува Sunday Times.
Планот на RIM е да го лиценцира и одржува системот за пораки, вклучувајќи го и BlackBerry Messenger, и да го издава на трети компании. Што се однесува до делот од компанијата која ги произведува BlackBerry уредите кои се повеќе го губат својот удел на пазарот, тој дел ќе биде продаден, најверојатно на Amazon и Facebook, две компании кои сакаат да се вклучат во мобилниот пазар со свои уреди.
Плановите на RIM се очекува да бидат официјализирани до крајот на летото, пред да го претстават BlackBerry 10, новиот мобилен оперативен систем.