Google започна со глобално издавање на новиот сервис за текст разговор, Chat. Целта на овој сервис ќе биде да ги замени SMS пораките на Android уредите. Chat е името за корисниците, а оригиналното име на технологијата е Universal Profile for Rich Communication Services (RCS).
Иако технологијата е отидена далеку напред, SMS пораките воопшто не доживеаа никаков напредок. Со Chat платформата корисниците ќе можат да испраќаат групни текст пораки, да си испраќаат слики, видеa и куп други функционалности кои засега не се достапни.
Google секако можеше да се обиде овие промени да ги направи и директно преку апликација. Наместо ова компаниајта ќе се обиде да ги наметне стандардите од Chat на провајдерите. Компанијата засега е успешна во својата намера и сите поголеми провајдери ја поддржаа замислата. Поддршка дадоа 50 оператори, а дел од нив се и Vodafone, T-Mobile и Verizon. Поддршката дојде и од дел од операторите како Samsung, LG и Huawei.
Иако ова е добра вест, за жал има и недостатоци. Најпрво имплементацијата е оставена на операторите, ова можеби и не е преголем проблем со оглед на тоа дека Google веќе има поддршка. Вториот проблем е што овие пораки нема да бидат криптирани.
Трета важна забелешка за Chat e дека не е нова апликација од Google. Станува збор за стандард за комуникација кој ќе биде користен на Android телефоните. Поради оваа технологија Google ја паузираше работата на Allo, јави Verge.







