SmugMug е новиот сопственик на Flickr. Сервисот досега беше во сопственост на Oath, поранешен Yahoo. Сепак по купувањетo на Yahoo од Verzion, во Oath нема простор ниту за платформата, ниту за заедницата која споделува фотографии.
Flickr има околу 75 милиони профили, иако бројот на активни профили секако е помал. Друштвените мрежи значително го намалија бројот на активни корисници на Flickr.
SmugMug за разлика од Flickr не е бесплатен сервис. Платформата е фокусирана на професионални фотографии, иако сега заедно со Flickr ќе ги добијат и профилите на 75 милиони корисници. Оваа значи дека сите сегашни корисници на Flickr имаат до 25 мај да ги прифатат новите услови за користење.
Ако не им се допаѓаат новите услови, може да го избришат својот Flickr профил. Секако ова подразбира дека ако Flickr е единственото место на кое ги чуваат фотографиите, ќе треба да ги симнат назад.
Сепак засега нема најави за спојување на двата сервиси. „На SmugMug му се допаѓа Flickr и сакаат да продолжиме да бидеме Flickr. Нема план за спојување на производите“, објаснува Flickr на својот блог. Ако сте загрижени за приватноста, се чини дека нема потреба од ова.
„Не копаме по податоците од фотографиите на нашите корисници за податоци кои потоа ќе ги продадеме на оној кој ќе понуди најмногу, или да ги претвориме во цели на рекламна кампања“, вели директорот на SmugMug, Дон Мекаскил во интервју за USA Today.
Засега цената која ја плати SmugMug за Flickr е непозната. Компанијата нема никакви планови за интегрирање на двата сервиси. Сепак директорот на SmugMug, г. Мекаскил не ја исклучува оваа можност.
„Не знам што ќе се случи во иднина. Ова е нов модел за мене“.
До она што е споделено досега, извесно е дека во непосредна иднина нема да има промени. Flickr ќе остане Flickr, ова се однесува и на вработените во платформата кои ќе останат. Се чини дека основна причина за купувањето е Flickr заедницта.
„Flickr е неверојатна заедница, преполна со некои од најпасионираните фотографи во светот. Тоа е фантастичен производ и бренд кој го сакаме, споделува десетици милијарди фотографии на стотици милиони луѓе од целиот свет. Flickr преживеа многу проблеми и е еден од клучните делови на интернет“, констатира новиот сопственик.