Google официјално го претстави Chromebook Pixel, својот прв компјутер со екран на допир. Новиот Chromebook доаѓа со Gorilla Glass екран на допир, 12,85 инчен екран со резолуција од 2560×1700 пиксели, 4GB DDR3 RAM, 32 GB простор и 1TB резервиран простор на Google Drive (бесплатно за 3 години) и сето тоа по цена од „само“ 1.299 долари.
Спецификациите кои ги има овој уред се импресивни, според кои може да се заклучи дека Google сака да се претстави како кокурент на Apple-овиот MacBook Pro со Retina екран. Воедно, Google вели дека ова е најголемата резолуција испорачена за некој лаптоп.
Од Google ќе дистрибуираат две верзии на овој пренослив уред. Едната верзија ќе работи со Wi-Fi, а другата ќе има вграден Verzion LTE модем. Исто така, Wi-Fi моделот доаѓа со 32 GB меморија по цена од 1.299 долари, додека LTE моделот има 64 GB и ќе чини 1.449 долари.
[youtube]j-XTpdDDXiU[/youtube]
оре море ееееј, очи ќ’изваат овија Гугл и Апле
(од клавање ногу пикцели по то екрањето, не ради друго!) :)