И Anonymous се жртва на хакерски напади

Ривалска хакерска група проби и презеде еден од Тwitter профилите кои им припаѓаат на хактивистите Anonymous. Групата наречена Rustle League вели дека имале пристап до @Anon_central кој има над 160.000 следбеници, но само за неколку часа.

„Ако Twitter профили кои се водат од хакери можат да бидат пробиеме, дали треба сите ние да се загрижиме?“, прашува BBC за кој безбедни експерит велат дека овие пробивања најчесто се резултат на човечки грешки, како на пример користење на лоши едноставни лозинки, или користење на една лозинка за разни профили.

Само пред неколку дена беше пробиен профилот на Burger King кој беше ребрендиран од хакерите во McDonalds. По тој инцидент Twitter објави блог пост во кој ги предупреди корисниците за можните грешки и измами со кои се злоупотребуваат профилите. Освен подобри лозинки, Twitter предлага да се избегнуваат сомнителни линкови и логирање на сајтови кои не се Twitter.com, како и да се апдејтира често анти-вирусот кој се користи.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments