Ништо ново што веќе не сме го виделе на Facebook и Twitter, но новост кај друштвената мрежа на Google. Google често размислува како функционираат луѓето и истото се обидува да им го пренесе преку своите сервиси, па така, од денес Google+ има нов сервис – Communities.
Најверојатно веќе знаете за што се работи, но Communities им овозможува на корисниците да создаваат групи и да комуницираат со луѓето кои се приклучени во истата и имаат слични интереси. Ова е нешто налик кај групите на Facebook, само што овде е вклучена и можноста за комуницирање преку Hangout.
Според Google, Google+ е најбрзо растечката друштвена мрежа. Но иако Google+ има пола милијарда корисници, но бројот на корисници кои се активни е многу помал. Околу 235 милиони корисници се активни на Google+ преку останатите услуги што ги нуди оваа платформа (пример: +1 копчето), додека бројот на корисници кои ја користат оваа друштвена мрежа во вистинска смисла на зборот изнесува 135 милиони.
[youtube]lpUDWCSRQIU[/youtube]








Г+ е далеку подобар од фб, ама нема поента кога сите се на фб само :)
G+ e najdobra socijalna mreza , ama narodov dur svatit ke pominit vreme ! :-)