Facebook ја купува маркетинг платформа Аtlas на Microsoft

Microsoft и Facebook со заедничка соработка, ќе се обидат да ги искористат стотиците милиони корисници на друштвените мрежа, јавува Business Insider.  Всушност станува збор за промена на сопственост на студиото Atlas Solutions, коe е во сопственост на Microsoft oткако за 6 милијарди долари го купија aQuanative во 2007 година. Но, од тогаш до денес Microsoft не успеа да најде начин како да го искористи студиото.

Анонимни извори од компаниите потврдиле дека Microsoft се преговори за зделка со Facebook и друштвената мрежа е прв избор за продавање на маркетинг студиото.

Друштвената мрежа долго време се мачи како правилно да заработи од рекордниот број на корисници и барем засега не наоѓа премногу успешен начин на рекламирање. Најголем број на аналитичари се согласни дека ова е последна задача која мора да ја заврши Facebook пред да започне сопствена рекламна мрежа.

Доколку оваа успее Facebook ќе биде интересно место за рекламирање, пред се бидејќи ќе можат да покажат точно колку се зголемила продажбата поради рекламите кај нив. Ова е можно бидејќи големите трговски ланци купуваат информации за корисниците.

Па праќање на податоци кај компаниите чии производ бил рекламиран кај корисникот, ќе направи точно да се знае колкав процент од корисниците доаѓаат поради Facebook. Купувањето на Atlas Solution ќе значи дека Facebook ќе може да го работи ова самостојно без посредници.

Трикот е при прилажувањето на постигнатите резултати да не се загрози приватноста на корисниците, проблем за кој во последно време се почесто се зборува.  И втор и поголем проблем е што аналитичарите се сомневаат дека Facebook сеуште нема техника за да понуди валку софистициран начин рекламирање.

Цената со која се шпекулира дека Facebook ќе мора да ја одвои за аквизиција на Atlas Studios се движи околу 30 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments