2 коментари 1 мин. читање

Мобилните апликации на uTorrent и Bittorrent се симнати над 10 милиони пати

Постојаните подбрувања и надградби допринесоа мобилните клиенти за uTorrent и BitTorrent да бидат преземени импресивни 10 милиони пати, објави BitTorrent на својот блог. Оваа бројка е постигната со преземања на торент апликациите на сите три платформи iOS, Windows Phone и Android.

Апликациите овозможуваат контролирање на uTorrent. кој работи на вашиот компјутер, преку вашиот паметен телефон или таблет компјутер, но и директно предземање на содржини на вашиот телефон. Android верзијата е преземена 4,7 милиони пати и тоа 3,8 милиони за uTorrent и 1,5 за BitTorrent. Имресивната бројка на преземања на uTorrent апликацијата и покрај тоа што сè уште е во бета е разбирлива, бидејќи овозможува симнување на торенти директно на телефони или таблет компјутери.

Oд 10-те милиони симнување, 75 отсто го препорачаа uTorrent за Android, 25 отсто рекоа дека го користат секојдневно, а 45 отсто го користат најмалу еднаш или два пати неделно.

За жал, барем засега нема најава за апликација која ќе презема содржини директно на таблетите и телефоните со iOS и Windows оперативен систем. Ако за Windows Phone е речиси извесно дека ќе добијат ваква апликација, политиката на AppStore сигурно нема да дозволи ваква апликација.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top