Google Chrome 23 со Do not track и GPU видео декодирање за Windows

Google ја објави верзијата 23.0.1271.64 на својот прелитувач Chrome за сите оперативни системи. Најголема промен во оваа верзија е поддршката на Do Not Track (DNT) протоколот.

Овој протокол за првпат беше воведен од страна на Microsoft во нивниот Internet Explorer 9, за подоцна истиот чекор да го направи Mozilla со Firefox, Safari, Opera, а сега конечно и Chrome. Сепак, Google сака нешто подобро од тој стандард.

„Во најновата објава, исто така, е вклучена и опција за испраќање на „do not track“ барање до веб-сајтовите и веб сервисите. Ефективноста на таквите побарувања зависи од тоа како сајтовите и сервисите ќе одговорат, па затоа Google соработуваат со неколку компании.“, пишува во официјалното соопштение од компанијата.

Исто така, во новата верзија на Chrome има и подобрувања во однос на перформансите. Овозможено е GPU-accelerated видео декодирањето за Chrome на Windows, со што ќе се намали трошењето на батерија доколку гледате видеа, а притоа не сте приклучени на напојувањето.

Во Chrome 23 е олеснет и начинот на кој ќе можете да ги контролирате дозволите од различни сајтови и прозорците кои се отвараат. За развивачите е вграден и PeerConnection API што им овозможува создавање на веб апликации со аудио и видео комуникација во реално време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk