Креаторот на култната игра Elite побара помош од Интернетот за да издаде ново продолжение

во Веб

Креаторот на првата „Open World“ игра, Дејвид Брабан е најновиот дизајнер на видео игри коj побара помош од Интернетот . Г. Брабан бара помош од фановите на оригиналната Elite за издавање на ново продолжение на легендарниот серијал. Новото породолженија ќе се вика Elite: Dangerous, а за негова реализација треба да бидат донирани 1,25 милиони фунти, односно 2 милиони долари.

[youtube]y3xHj0plhDU[/youtube]

Се чини дека во денешно време благодарение на Kickstarter речиси сите „легендарни“ игри можат да се надеваат на „воскреснување“ на серијалите. По Tим Шејфер и Брајан Фарго кој го исполнија цензусот кои го бараа, пари побараа и Obsidian за нивната идеја за нова RPG Project Eternity,и од побарани 1,1 милиони долари собраа речиси 4 милиони долари.Дејвид Брабан и неговото студио Frontier Development за еден ден собраа 187.000 долари за својот проект. Идејата за „crowdfunding“, покрај желбата во конечниот изглед на играта да не им се меша издавачот, им е и да проверат колкав би бил интересот за повторна афирмација на Elite серијалот. Интересна е идејата донаторите кои ќе дадат повеќе од 300 фунти да имаат збор во креирањето на играта. Најинтересната новина ќе биде онлајн играњето со што играта ќе стане конкурент на Eve Online и Star Trek Online.

Elite Dangerous нема премногу да се оддалечува од оригиналот, играта нема да има крај (open play), а изборот на мисии ќе им овозможи на играчите да играат како трговци, пирати, ловци на глави или истражувачи. Според двајцата автори на играта Дејвид Брабан и Иан Бел играта е инспирирана од игри за маса (board games), но и од Одисеја 2001 на Артур Кларк, Автостоперски Водич низ Галаксијата на Даглас Адамс , Star Wars и Оригиналнатра верзија на Battlestar Galactica. Од друга страна Elite беше и остана инспирација за многу симулации на вселенски борби, покрај ова играта сеуште се наоѓа нво Топ 20 видео игри и заедно со X-Wing и Tie Fighter ги популаризираа вселенските симулации.


Get Adobe Flash player

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk