1 коментар 2 мин. читање

God симулацијата The Universim излезе од раниот пристап

По долго-годишна работа, развојното студио Crytivo конечно може да се пофали со целосната верзија на нивната амбициозна симулација, The Universim. На кратко, играта ви дозволува да управувате со цели планети и да ги водите цивилизациите низ вековите.

Еволуција низ времето

Доколку уживате во God Game игри, каде сте во улога на Господ и располагате со импресивни моќи за обликување и на планетата и на населението, тогаш The Universim е игра која ќе ви се допадне.

Ваша задача е да помагате на симпатичните суштества кои се викаат нагетс да си го најдат нивниот пат. Од каменото доба па сѐ до времето на технолошка нирвана, ќе ги водите и обликувате онака како што мислите дека е најдобро. Таквото нешто никако не е без предизвици. Нагетс се деструктивно настроени и имаат мрачни аспирации, како војни предиспозиции и градење нуклеарни централи. За „среќа“ вие имате моќи со кои полесно ќе можете да ги водите жителите на планетата, а и да ги штитите.

Од друга страна, пак, доколку се јави потреба за соодветна дисциплина и покажување на вашето незадоволство, можете да ослободувате несопирливи торнада, да повикувате громови, или да го разрушувате изграденото со разорни земјотреси.

Најсилните точки во The Universim се:

  • преубавата шаренолика графика
  • модерниот дизајн и модерната имплементација на клучните механики
  • флуидноста на движењето низ планетата
  • еволутивниот напредок на населението низ добата
  • активирањето на моќите

Лесно е да се биде Господ?

Комбинацијата од овие елементи се чини како добитна и исклучително забавна формула. Повеќе од јасно е дека Crytivo се ветерани во индустријата и точно знаат што работат во сандбокс одделот. Од таа причина, играта моментно има 81% позитивни рецензии на Steam. Сепак, некои гејмери сметаат дека The Universim требало уште да биде дел од раниот пристап и дополнително да се работи на неа. Кое е вашето мислење?

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Crytivo
  • Издава: Crytivo
  • Жанр: city builder, god game, симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 22 јануари 2024
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top