Вештачката интелигенција ќе замени помалку професии отколку што се претпоставуваше

Колку работни места ќе станат недостапни за луѓето поради развојот на вештачката интелигенција? Веќе сме добиле повеќе обиди да се одговори на ова прашање, и за жал многу е тешко да се пронајдат два исти одговори.

Од процените на Goldman Sachs дека вештачката интелигенција ќе автоматизира 25 отсто од работата, до истражувањето на Универзитетот Пенсилванија, Универзитетот на Њујорк и Принстон кое проценува дека само ChatGPT може да влијае на 80 отсто од професиите, заеднички одговор нема. Дополнително секое од истражувањата додава по некоја професија која ќе биде загрозена.

Што се однесува на тоа кои професии ќе бидат заменети сме слушнале сè. Од возачи и грижа за корисници, до адвокати, сметководители и новинари, па дури и ѕидари и градежни работници.

Последната анализа која ја направи универзитетот MIT покажува дека можеби нема причина за паника. Најголем дел од работите за кои се сметаше дека ќе бидат автоматизирани сепак се безбедни. Причината за ова е едноставна, барем во моментов нема економска исплатливост за автоматизација, пренесе TechCrunch.

Ова секако нема да ја спречи „револуцијата“, но значително ќе ја забави.

„Како и во најголем дел од скорешните истражување и ние гледаме огромен потенцијал за вештачката интелигенција да ги автоматизира задачите. Сепак, успеавме да покажеме дека најголем дел од задачите не се доволно атрактивни за да бидат автоматизирани“, вели Нил Томпсон, истражувач од MIT.

Еден супер интересен пример е со проверка на квалитетот на лебот кој го прават пекарите. Тие во просек 6 отсто од работното време го поминуваат во проценка на квалитетот на храната.  Ова е процес кој може да се автоматизира и со тоа ќе се заштеди. Во просек пекара која вработува 5 пекари и заработува 48 000 долари годишно ќе заштеди 14 000 долари. Проблемот е што развој на решение базирано на вештачка интелигенција ќе чини 165 000 долари, а одржувањето ќе биде уште 122 840 долари годишно. Ова практично го прави целиот процес неодржлив.

Она што е поинтересно или можеби е поразително, е дека платите се доволно високи за автоматизирањето да биде интересно и економски исплатливо единствено во 23 отсто од професиите. Кај останатите луѓето се поевтин избор од технологијата.

Сепак некој од професиите можат да бидат заменети со универзална вештачка интелигенција како онаа на OpenAI. Оваа технологија е поевтина за специјализирање на одредени задачи. Сепак и процесите кои се автоматизираат се со ниска заработка и најчесто се мултитаскинг. Ова повторно отвора прашање колку е економски исплатливо нивното автоматизирање.

„Дури и ако го земеме предвид влијанието на компјутерската визија само во рамките на задачите за видот, откриваме дека стапката на губење на работа е помала од онаа што веќе е искусена во економијата. Дури и со брзо намалување на трошоците од 20% годишно, сепак ќе бидат потребни децении за задачите за компјутерска визија да станат економски ефикасни за компаниите“.

За жал истражувањето не го опфаќа влијанието на моделите на вештачка интелигенција кои се веќе тренирани, како на пример GPT-4 или LaMDA. Веројатно поинтересна тема која е малку обработена во истражувањето се придобивките од заедничката работа на луѓето и вештачката интелигенција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments