Го комплетиравме третото мапирање на ИТ индустријата во земјава!

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Почнувајќи од 2019-та, на секои две години, IT.mk врши мапирање на македонската ИТ индустрија преку повеќенеделна анкета во која ИТ професионалците во земјава ги прашуваме кои технологии користат, какви примања имаат, што е тоа што ги нервира при секојдневното работење и какви им се очекувањата од компаниите во коишто работат, покрај многу други информации. Вакво истражување правевме во 2019-та, во 2022-ра.

Оваа година во мапирањето учествуваа 2.010 испитаници, од кои добивме 1.987 валидни одговори. По сектори, најзастапен беше секторот програмирање и девелопмент во кој одговорија 1.646 испитаници.

Оваа година, посебна секција во истражувањето доби и вештачката интелигенција (ВИ), која како тема е сѐ позачестена во ИТ круговите. Македонските ИТ професионалци ни одговорат дали стравуваат дека ВИ ќе им ја загрози или подобри работата, колку често ја користат и што очекуваат од оваа нова технологија во блиска иднина.

Податоците во мапирањето на IT.mk се разликуваат од податоците кои ги споделува Државниот завод за статистика на тема плати бидејќи навлегува подлабоко во тематиката и нуди можност за проценка на платите во ИТ индустријата според многу фактори – технологија, пол, примарна алатка, ниво на искуство, како и диференцијација на примањата според типот на работодавачот. Најважно од сѐ на тема плати, користиме медијана наместо просек, како што користи ДЗС.

  • Испитаниците со примања помали од 9.000 и поголеми од 610.000 ден. не влегуваат во калкулациите за месечни нето примања.
  • Во пресметката за месечните нето примања користиме медијана а не просек поради отстапувањата во податоците со цел прикажување на нормализирана средина на примањата.
  • Во пресметката за месечните нето приходи исклучени се испитаниците кои работат во странство.

Прегледај ги податоците од мапирањето на it.mk/map2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Gamblify

Game Artist

види ги сите огласи на kariera.it.mk